head

6.12.12

Рачно изработени сапуни кои не се природни!?

Ако се прашате да ли е и тоа можно, е па можно е!
Веќе објаснивме како настанува сапунoт: во реакција на натриум-хидроксид и масла. Само во тој случај и без додадени други хемиски додатоци за пенливост, цврстина, моќ на чистење, траење итн. се зборува за природен сапун.


Меѓутоа, постои голема заблуда дека секој рачно изработен сапун е и природен!
Што тоа значи?




Во светот постојат производители на такви сапунски маси, кои се лабораториски творевини од разни вештачки средства, а во кои се додават природни состојки (масла, путери,млеко во прав итн.). Такви сапунски маси се нарекуваат ‘сапунски или глицерински бази‘, и многу ретко се од чисто природно потекло.Тогаш вие земете таква маса, стопете ја и сипете во калуп и ете го рачно изработениот сапун. Ако додате мирис, боја или некој трет додатокот, сте добиле ваш уникатен, рачно изработен сапун. Овакви сапуни можеби сте ги виделе низ градот, тие обично се проѕирни или во боја, со разни облици вметнати внатре.

Целата ствар е во тоа што тие маси можете да го најдете и SLS (sodium lauryl sulfate) и SLES (sodium laureth sulfate), кои се детергенти и сурфaктанти, а тоа се ефтини и омилени додатоци на СИТЕ купки- кои ја зголемуваат пенливоста и моќта на чистење, но предизвикуваат сушење и свраб и на најтолерантна кожа. Не само тие, веќе и други состојки кои ќе ги најдете во тие сапуни се, всушност она  што ќе сакате да го избегнете кај комерцијалните сапуни.

Во понудата на светскиот пазар постојат ‘сапунски бази‘ направени на природна база и "Diva Soap" има долгорочен план да ги увезе тие бази. Овие бази се многу погодни за разни, интересни дизајни, со нив се постигнуваат сосема различни видови на сапуни од другите методи на правењето сапун.



Од друга страна има и обратни случајеви, сапуни кои СЕ од масла и натриум-хидроксид, да имаат и многу други состојки кои можат да се нарекуваат секако, само не и природни. Сите тие служат за намени кои веќе ги спомнав во овој и во претходниот пост на оваа тема. И овие сапуни можете да ги најдете и на нашиот пазар, и тоа по многу висока цена.
За да знаете што заправо ви продаваат под слоганот ‘Рачно изработен природен сапун‘, можам само да кажам: ЧИТАЈТЕ ГИ ДЕКЛАРАЦИИТЕ!
Комплицирани имиња, кои не се објаснети на самиот производ во врска со нивното потекло, најверојатно НЕ СЕ ПРИРОДНИ! Природни состојки се сапонифицирани масла,како Sodium Olivate, Sodium Shea Butterate, Sodium Castorate, Sodium Cocoate, итн




Можеби сега имате подобар увид во тоа што ви го нуди пазарот и во тоа што заправо  плаќате!
Морам да признам дека маркетингот е чудо, моќна економска аждаја  на 21.век која прoдава стока, но знаењето е секогаш најјакото оружје кое што секој портошувач може да го има.

Се надевам дека ви се допадна и овој текст за сапуните и дека во иднина  ќе ви помогне при  вашиот избор

Поздрав до сите до наредниот пост.....



2 comments:

  1. Zaista, citanje deklaracije i razumevanje sta navedeni sastojci zapravo znace je jako bitno. Ovo je neiscrpna tema narocito a narocito i kada je hrana u pitanju.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Stvarno e taka,a site treba da bideme hemičari za da gi razbereme deklaraciite!

      Delete

Thanks for your comment